Ekipa
30 Август 2018•Ажурирај: 30 Август 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, денес изјави дека Мапата на патот за Мунбич напредува, јавува Anadolu Agency (AA).
Зборувајќи на церемонијата во седиштетотo на турскиот Генералштаб во Анкара, Акар изјави: „Мапата на патот за Мунбич иако споро, сепак напредува. Ние постојано ги потсетуваме нашите колеги за потребата од повлекување на ЈПГ/ПКК од регионот“.
Договорот за Мунбич помеѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) се фокусира на повлекувањето на ПКК/ЈПГ од градот со цел стабилизација на регионот.
Во врска со ситуацијата во Идлиб, Акар изјави: „Турција се стреми кон обезбедување безбедност, спречување напади, пружање помош на речиси 3,5-4 милиони лица во Идлиб, без прекршување на прекинот на огнот“.
Лоциран во близина на турската граница, Идлиб во мај беше назначен за зона без судири, каде што актите на агресија се забранети, како дел од тековниот процес во Астана.
Сепак, во изминативе два месеца зоната без судири на Идлиб беше цел на особено жестоки воздушни напади од страна на руските сили и режимот на Асад.