Ercan Canbolat
06 Септември 2017•Ажурирај: 07 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Anadolu Agency (AA) оваа година четврти пат учествува на фестивалот „Visa Pour L’Image“, кој се одржува во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).
Во францускиот град Перпињан се одржува 29. фестивал „Visa Pour L’Image“, каде што се собираат најважните фоторепортери и претставници на печатените медиуми и новински агенции.
АА на својот штанд го претставува и фотопорталот „anadoluimages.com“, како и натпреварот за избор на најдобри фотографии „Istanbul Photo Award“, кој во 2018 година ќе биде организиран по четврти пат.
На фестивалот учествуваат раководители, уредници на одделот за фотографии и фоторепортери од престижните светски весници, новински агенции и списанија.
АА е претставувана од страна на главниот уредник на визуелните вести, Ахмед Сел.

Сел изјави дека и оваа година фотографиите на фоторепортерите на Агенцијата изложени на штандот привлекле големо внимание.
Според неговите зборови, фотографиите на репортерите од АА од сите делови на светот, благодарение на договорите со меѓународните агенции, во рекордно време доспеале до читателите и гледачите на најспрестижните весници, списанија и портали.
- АА, гласот на угнетените -
Тој изјави дека АА на најисправен начин ги претставува човечките драми коишто се игнорирани од страна на одредени меѓународни медиуми.
„АА на тој начин е гласот на угнетените, но дава и најдобар пример за новинарство. Anadolu Agency понапред од сите, на светот му ги пренесе притисоците и насилствата на кoишто се изложени муслиманите во Аракан“, изјави Сел.
Ахмет Сел потсети дека насилството демонстрирано на неодамнешните расистички протести во САД, преку фотографиите на фоторепортерот од АА беше прикажано пред светот, поради што некои од нив станаа симбол.
Тој смета дека АА стана еден од најважните актери во светот на меѓународната фотографија во категоријата вести и оти во потполност го заслужува вниманието што го добива на фестивалот Visa.
Тој додаде дека фоторепортерите учесници на фестивалот, како и претставниците од други агенции низ разговор со претставниците на агенцијата барале можност за соработка, што според неговите зборови е сосема природно.
Фестивалот „Visa Pour L’Image“ секоја година го посетуваат околу 150.000 лица, а во негови рамки се организираат симпозиуми и сесии на коишто се разговара за проблемите и за актуелните прашања во светот на фотографиите за вести, но и за влијанијата на економијата, развојот и новата технологија.
Посетителите на фестивалот ќе можат да го посетат штандот на АА до 9. септември.