АНКАРА (АА) - ЏАНКУТ ТАШДАН -
ФЕТО, како една терористичка организација од новата генерација, претставува закана за меѓународниот мир и меѓународната безбедност, се вели во извештајот насловен „ФЕТО како една меѓународна закана“, кој е подготвен од страна на Управата на турската Полициска академија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Извештајот вклучува детални анализи во врска со односите на оваа терористичка организација со странските разузнавачки служби, како и за нејзините активности во различни места низ светот. Извештајот поседува опсежни информации околу историјата, основните карактеристики и целите на оваа организација, нејзината медиумска и образовна структура, како и нејзината структура, пред сѐ во САД, Европа, Балканот, Блискиот Исток, Африка, Русија, Средна Азија и на Кавказ.
- „Терористичка организација од новата генерација“ -
Во истиот извештај се нагласува дека оваа група е една терористичка организација од новата генерација, која покрај заканата врз Турција, заедно со регионалното и глобалното влијание, влијае и врз меѓудржавните односи и има потенцијал да биде закана на меѓународниот мир и меѓународната безбедност. Се додава дека откривањето на меѓународното структурирање на ФЕТО е важно не само за националната безбедност на Турција, туку и за меѓународниот мир и меѓународната безбедност.
Според овој извештај, САД моментално се во центарот на активностите на оваа организација низ светот, додека земјите членки на Европската Унија (ЕУ) се наоѓаат меѓу земјите во кои ФЕТО е добро организирана. Се вели дека поради тоа што ФЕТО е една меѓународна терористичка организација, ефективната борба против неа може да биде успешна само ако борбата што се води, има меѓународен карактер.
- Структурирањето на оваа организација личи на етнички терористички групи -
Горенаведениот извештај, исто така вклучува информации околу основањето и структурата на ФЕТО. Се истакнува дека кога се разгледува тајната и ќелиската структура на ФЕТО, можат да се забележат сличности со левичарски и етнички терористички организации. „Оваа организација своите цели кои не може да ги елиминира преку своите политички, правни и граѓански активности кои изгледаат легални, ги елиминира преку атентати и закани“, се вели во овој извештај.
Во извештајот се нагласува дека целта на оваа организација е откако ќе ја преземе контролата на државата, да ја администрира економската, општествената и политичката моќ на таа земја во рамки на своите идеологии. Според овој извештај, во текот на инфилтрирањето во државата, приоритет на оваа организација биле институции како Турските вооружени сили, полицијата, Разузнавачката служба, како и судството, каде што се извршени тајни структурирања. Се истакнува дека оваа терористичка организација ја јакнее својата медиумска и образовна структура, благодарение на економските приходи кои ги добива на илегален начин.
Според овој извештај, врската на оваа терористичка организација со медиумите има една многу уникатна структура која ги надминува врските на една обична терористичка организација со медиумите.
- Тајни училишта и здруженија во странство -
Во извештајот се нагласува дека оваа организација дава голема важност како на медиумите, така и на образованието, и дека ФЕТО е една терористичка организација формирана врз образованието, кое го користи како алатка за структурирањето на организацијата. Според извештајот, оваа организација во бројни држави реализира нова стратегија, со која своите нелегални активности ги води преку тајните училишта и здруженија, додека во повеќе земји своите активности ги крие преку предавање на управата на училиштата на локалните жители или на луѓе од Западот.
Основните причини зошто ФЕТО му дава специјална важност на образованието, се следни: пристап до човечки ресурси, стекнување легитимитет во странство и во земјата преку образовните активности и добивање приходи од овие активности и друго.
news_share_descriptionsubscription_contact
