Tuba Şahin
15 Ноември 2018•Ажурирај: 16 Ноември 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за сообраќај и инфраструктура, Џахит Турхан, истакна дека Турција планира да започне со изградбата на вештачкиот воден премин, Каналот „Истанбул“, во висина на морското ниво, јавува Anadolu Agency (AA).
„Изградбата на Истанбулскиот канал не би требало да се одолжи до 2020 година, се надевам дека ќе започнеме во 2019 година“, изјави Турхан, како гостин во уредничкиот деск на АА во Анкара.

Турхан рече дека како дел од проектот за Истанбулскиот канал (вештачкиот морски пат кој ќе го поврзува Црното Море со Мраморното и Средоземното Море) се планира изградба на 10 моста.
Во план е изградбата на Каналот да биде завршена во 2023 година.
Каналот е наменет за олеснување на товарниот сообраќај помеѓу Црното Море и Мраморното Море, особено за сообраќањето на танкерите кои минуваат низ Босфорот.
Истанбулскиот канал, во должина од 45 километри, кој ќе биде изграден на коридорот Кучукчекмеџе - Сазлидере - Дурусу, ќе го зголеми капацитетот на 160 пловила дневно.