İbrahim Kılıç
16 Мај 2017•Ажурирај: 17 Мај 2017
ИСТАНБУЛ (АА) – Д-р Ѓунџел Озтурк, специјалист по пластична, реконструктивна и естетска хиургија, истакна дека земјите од Европа и од Блискиот Исток ја претпочитаат Турција кога е во прашање естетската хирургија, јавува Anadolu Agency (AA).
Озтурк во својата изјава за АА нагласи дека Турција е меѓу првите десет земји во областа на естетската хирургија на светско ниво. „Ние сме меѓу првите десет земји на светско ниво. Нашите доктои вршат успешни зафати на полето на естетската хирургија. Ова придонесува во здравствениот туризам, како и за економијата на земјата“, вели Озтурк.
Тој посочи дека пазарот на здравствениот туризам во светски рамки изнесува околу 100 милијарди долари, и укажа на главните причини зошто Турција е земја што се претпочита кога е во прашање естетската хирургија. „Турција е поатрактивна поради ниските цени во споредба со другите земји. Можам да кажам дека предностите на Турција се цените, тоа што не се чека ред, меѓународното патување е полесно и поекономично, а здравствените услуги се со врвна технологија и според врвни стандарди“, истакна Озтурк.
Д-р Озтурк ги наведе најчесто извршуваните операции во областа на естетската хирургија: „Покрај естетиката на носот, естетика на градите, липосукција, естетика на очните капаци, се вршат и операции за трансплантација на коса. На овој начин, за естетски зафати доаѓаат голем број пациенти од странство, особено од европските земји како Германија, Франција, Белгија, Холандија, Данска и Англија“.
- „Има голема заинтересираност за трансплантација на коса во Турција“ -
Озтурк нагласи дека голем број лица доаѓаат од странство за трансплантација на коса.
„Цените во Турција се пониски во однос на другите земји. Цената на операцијата за трансплантација на коса во Европа е околу 10.000 евра, додека во САД изнесува околу 30.000 долари. Но, оваа цена во Турција е многу поволна. Предностите во цената ја прават Турција поатрактивна. Турција е пионер во оваа област. Не само од европските земји, доаѓаат пациенти и од арапските земји, како Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Ирак, Египет и Либан. При операциите за трансплантација на коса најмногу се употребуваат методи како FUE Gold, DHI (Direct Hair Implant), IceGraft. Ние повеќе го употребуваме методот DHI. Со овој метод, пациентот може побрзо да се врати во секојдневниот живот. По неколку дена може да патува со авион. Нашите резултати се подобри. Секако дека има големо значање и образованието, способноста, како и вештината на лицето што ја врши операцијата“, истакнува Озтурк.
- „Турција е меѓу првите 5 земји во областа на естетика на носот“ -
По трансплантацијата на коса, како што рече Озтурк, странците најмногу се заинтересирани за естетика на носот. „Можеме да кажеме дека Турција е пионер во областа на естетиката на носот. Мислам дека сме меѓу првите 5 земји. Исто така, едни од најчестите се и операциите за естетика на градите, за затегнување на стомакот и за естетика на очните капаци. Потоа доаѓаат операциите за затегнување на лицето, вратот и на ушите. Покрај медицинските зафати како третманот како ракот, естетската хирургија дополнително го забрзува процесот на влегување на странските девизи во земјата“, вели Озтурк.
- „Болниците во Турција се на понапредно ниво во споредба со оние во Европа и во САД“ -
Озтурк упати повик до оние што сакаат да направат естетска хирургија, и истакна: „Можам да кажам дека Турција постигна напредок во здравството. И нашите лекари се мошне обучени, успешни и талентирани. Турција е пионер со своите болници, особено со болниците од групата А. Се наоѓа на понапредно ниво во споредба со повеќе болници од Европа и од САД. Има голем напредок и во секторите како хотелиерство и транспорт. Затоа можете да се разубавите во Турција. Ако сакате да додадете убавина на вашата убавина, ве чекаме во Турција“.
Д-р Ѓунџел Озтурк речиси 10 години работи во областа на естетската хирургија, но истовремено учествува и на национални, како и на меѓунардони изложби со своите слики и скулптури. „Сликарството и скулптурата се дел од мојата професија, бидејќи поимите естетика и пластика се поими во уметноста. Тие се интегрирани во мојата професија. Тоа е она што ме воодушевува, ми додава страст. Мојата професија и моите уметнички активности меѓусебно се надополнуваат“, додаде тој.