Merve Aydoğan
26 Ноември 2017•Ажурирај: 27 Ноември 2017
ДИЈАРБАКИР (АА) - За време на антитерористичката операција во југоисточниот дел на Турција, полицијата заплени најмалку 2,8 тони експлозив, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на гувернерот на покраината Дијарбакир утринава соопшти дека турските безбедносни сили вчера извршиле опсежна антитерористичка операција во близина на населеното место Алаџа во подрачјето на Кулп.
За време на операцијата се уништени три тајни засолништа на терористичката организација ПКК и запленети се големи количини на експлозив, оружје и документи.
Покрај речиси три тони екплозив, турските сили заплениле и поголема количина на автоматско оружје, ракетни фрлачи, противтенковски и други проектили.
Сепаратистичката организација ПКК се наоѓа на листата на терористички организации во Турција, САД и во ЕУ.
Станува збор за организација која подолго од три децении спроведува воена кампања против Турција, а таа кампања ја интензивираше во јули 2015 година.