Betül Yürük
09 Февруари 2018•Ажурирај: 10 Февруари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Василиј Небензја, рускиот амбасадор при Обединетите нации (ОН), во своето обраќање на седницата на Советот за безбедност на ОН, на која се расправаше за мирот во светот и терористичките организации, истакна дека се намалени приходите од нафта на терористичка организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (АА).
Тој истакна дека на крајот од минатата година, месечните приходи на терористичката организација од криумчарење природен гас и нафта изнесувале околу два милиони долари.
Тој предупреди дека ДЕАШ, сепак, со користење на модерната технологија, преку интернет, се обидува да ги зголеми изворите на приходи.
Во обраќањето истакна дека пред лицето на правдата треба да се изведат сите оние кои директно или индиректно пружаат поддршка на ДЕАШ.
Потсети дека минатиот месец во тој поглед забележани се одредени нерегуларности.
Истакна дека ПЈД/ПКК минатиот месец во Сирија пуштила на слобода 400 припадници на ДЕАШ, додека 120 припадници на ДЕАШ учествувале во редовите на Сириските демократски сили (SDG).
Небензја додаде дека со игнорирање на споменатиот проблем, применет е двоен стандард кон терористите.
По седницата на Советот за безбедност, Небензја во обраќање пред новинарите неодамнешниот напад на Соединетите Американски Држави (САД) врз силите на режимот во Сирија го нарече „загрижувачки“, додавајќи дека ова прашање ќе го изнесе пред Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН).