Kurbani Geyik
04 Август 2016•Ажурирај: 04 Август 2016
АНКАРА (АА) - Во претседaтелската палата во Анкара, каде што се одржа консултативен состанок на претседателите на комори и стокови берзи, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави: „Без сомнение, обидот на 15 јули имаше за цел нацијата да ја остави без знаме, татковина, народ, држава, бидејќи учесниците во обидот за државен удар на оваа предавничка мрежа не се грижеа ниту за нацијата, ниту за знамето, ниту за татковината, ниту пак за државата, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган рече дека во историјата на Турција се случил досега најкрвавиот обид за државен удар во кој херојски загина 238 цивили, полицајци и војници, а 2.197 беа ранети, сите деца на Турција. За починатите посака милост од Господ, на семејствата на загинатите им изрази сочувство, а на ранетите им посака брзо закрепнување.
„Нашиот народ на 15 јули на еден отворен и јасен начин не упати порака само до терористичката организација ФЕТО, туку во исто време и до сите останати кои имаат исти намери, и со исти методи. Што кажа нашиот народ? ‘Ние освен оваа држава друга татковина немаме и оваа наша татковина нема да им ја оставиме на овие изопачени лица’".
Ердоган во обраќањето истакна дека случувањата на 15 јули имале за цел да го остават народот без знаме и татковина.
„Без сомнение, обидот на 15 јули имаше за цел нацијата да ја остави без знаме, татковина, народ, држава, бидејќи учесниците во обидот за државен удар на оваа предавничка мрежа, не се грижеа ниту за нацијата, ниту за знамето, ниту за татковината, ниту пак за државата".
Тој понатаму вели: „Членовите на организацијата во 160 земји во кои имаат активности, земаат државјанство. Толку се самоуверени, што слободно зборуваат дека на крајот и тие земји ќе ги земат под свое. И Америка ќе ја земат под своја контрола. Така велат. И за да го спроведат тоа, се сместуваат во САД велејќи: ‘видете, ние од таму раководиме со оваа работа’. Во тој поглед, се соочуваме со организација којашто не само од теолошки аспект, туку и од национален аспект се однесува изопачено".
„Овие, во име на Господ го излажаа народот, користејќи ја науката го излажаа народот и под маската на добротворни цели го опљачкаа народот. Сега сѐ излезе на виделина, уште многу нешта ќе се откријат. Уште не ставивме точка на нештата, ова е една запирка, продолжуваме. Нема опуштање, на еден решителен начин продолжуваме понатаму", рече турскиот претседател.
Претседателот денес во Анкара изјави дека секоја пара наменета за ФЕТО, е куршум испукан на турскиот народ.
„Секоја пара што е испратена на терористичката организација ФЕТО е куршум ставен во цевка, кој ќе пука на нашиот народ. Како што не им простуваме на оние што пукаат на нашиот народ, така нема да им простиме ни на оние што ги финансираат”.