Ekipa
06 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес во Анкара порача дека ниту една држава, ни институција, нема да може да ја преиспитува силата и одлучноста на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган денес зборуваше на редовниот состанок на пратениците во Парламентот во име на Партијата за правда и развој (АK Parti) во Анкара, и притоа се осврна на актуелните случувања.
Тој ги критикуваше властите на САД, кои и по објавената победа врз ДЕАШ не се повлекоа од Сирија, туку и понатаму во тој регион ѝ доставуваат оружје и муниција на терористичката организација ПЈД/ПКК.
„Тогаш вие имате некои сметки кон Турција, Иран или можеби кон Русија. Меѓутоа, ние и понатаму на свое место цврсто и исправено стоиме, така ќе биде и понатаму“, порача Ердоган денес во Анкара.
Турскиот претседател истакна дека Турција дошла во состојба да веќе ниту една држава, ни институција нема да може да ја преиспитува нејзината сила и одлучност.
„Фала му на Бога, во операцијата 'Маслинова гранка' која ја спроведуваме, бројот на неутрализирани терористи се приближува кон илјада. Имаме и наши загинати војници. Тие се нашите шехиди кои имаа и вера“, порача Ердоган.
Турскиот претседател за време на својот говор на состанокот на парламентарната група во Големото народно собрание на Турција истакна дека ниту еден производ и систем што може да се произведе, дизајнира и развие во Турција нема да се купува од странство, освен во итни случаи, и додаде дека ќе се развијат свои системи и производи.
Ердоган потсети дека во средата е одржан состанокот на Извршниот комитет на одбранбената индустрија, и истакна дека овој комитет е од витално значење за Турција.
Турскиот претседател нагласи дека на состанокот разговарале и донеле одлуки за 55 проекти од областа на одбранбената индустрија, во вреднсот од 9,4 милијарди долари.
„Нашите проекти од одбранбената индустрија станаа позначајни во овој период кога водиме важни воени операции во земјата и во странство. Мораме брзо да се движиме за подобрување на реализираните проекти, забрзување на проектите кои се во тек и донесување одлуки за новите проекти“, рече Ердоган.
Тој се осврна на одлуките донесени на последниот состанок.
„Ниту еден производ, софтвер и систем кои може да се дизајнира, произведе и развие во нашата земја нема да го купуваме од странство, освен во итни случаеви. Ќе ги развиеме нашите дизајни, производи и системи, ако е потребно ќе потрошиме и повеќе време и пари. Секако дека ќе соработуваме со меѓународните одбранбени индустрии кои сакаат да работат со нас, и ги прифаќаат нашите услови. Таа соработка нема да се реализира во насока на земање готови производи. Сите критични елементи ќе се развијат и произведуваат под наша ревизија“, додаде турскиот претседател.
Ердоган нагласи дека во Турција постои одбранбен сектор кој постојано станува посилен, и додаде дека инженерите, претприемачите и техничарите секој ден постигнуваат нови успеси.