Zuhal Demirci,Tuğçenur Yılmaz
22 Декември 2018•Ажурирај: 23 Декември 2018
ТРИПОЛИ/АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, истакна дека никој не може да ги спречи да ги уништат и исчистат терористите во источниот дел на Еуфрат, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу, во рамки на официјалната посета во главниот град на Либија, Триполи, се сретна со министерот за надворешни работи на Владата за национално единство на Либија (УМХ), Мухамед Тахир Сијала, по што се одржа заедничка прес-конференција.
Чавушоглу се осврна на тврдењата дека некои претставници на терористичката организација ЈПД/ПКК имале средби во некои западни земји.
„Ако целта на овие средби е да се заштитат ЈПГ и ПКК по повлекувањето на САД, тогаш да не го заборават следното: како што преку операцијата „Штитот на Еуфрат“ неутрализиравме над 4.000 терористи на ДЕАШ, како што никој не успеа да ја спречи операцијата во Африн, така не можат да нѐ спречат да ги уништиме овие терористи и во источиот дел на Еуфрат. Како што нив ги закопавме на планините и во дупките во Африн, така никој не може да нѐ спречи да ги исчистиме и од тука“, додаде шефот на турската дипломатија, Чавушоглу.