Yıldız Nevin Gündoğmuş
28 Април 2016•Ажурирано: 28 Април 2016
АНКАРА (AA) - Премиерот на Турција Ахмет Давутоглу во врска со терористичкиот напад во Бурса рече дека продолжуваат активностите за идентификација на терористот, јавува Anadolu Agency (AA).
"Безбедносните сили на Турција продолжуваат со потребните активности во врска со идентификација на терористот. Очекуваме дека наскоро ќе биде откриен неговиот идентитет. Решително ќе бидат продолжени активностите се додека не биде откриена мрежата на нападите", рече Давутоглу.