İlkay Guder
15 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, по повод 15. јули, обидот за државен удар во Турција, напиша статија во британскиот весник „Тhe Guardian“ (Гардијан), јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот Ердоган написот во весникот го започна со фактот дека точно пред една година, милиони граѓани на Турција, оставајќи ги настрана сите меѓусебни културни и етнички разлики, застанаа заедно против пучистите кои се обидоа да го суспендираат Уставот, кои пукаа во недолжните цивили и фрлаа бомби врз Парламентот. Тој истакна дека со единство на целата турска нација, спречен е обидот, една вооружена група да ги стави под своја контрола демократијата, слободата и начинот на живот во земјата.
Турскиот претседател потсети дека во обидот за спречување на пучот, херојски загинале 250 граѓани, а 2.193 се ранети.
„Нашите напори пред судот на правдата да ги ставиме Фетула Ѓулен и неговите ученици кои се обидоа да извршат државен удар во земјата, не е значајно само за Турција, туку тоа е важно и за демократиите во секој дел од светот”, истакна претседатеот Ердоган.
- „Ја следеле тактиката чекај и гледај” -
Претседателот Ердоган во написот наведува дека на власт дошол во 2002 година и како претседател на АК партијата, од тој датум е творец на различни реформи против јакнењето на одредени групи, вгнездени во армијата.
„Спроведувајќи го тоа, повторно е добиена довербата кај народот во јавниот сектор, јавните институции и организации. Оние кои на 15. јули го свртеа оружјето кон недолжните цивили, се судрија со еден ѕид создаден од довербата која последните 10 години се гради врз база на политика, економија, правда, надворешна политика, основни права и слободи. Оваа врска меѓу нацијата и државата е најсилна гаранција за силата на демократијата и способноста за опстанок во иднина“.
Турскиот претседател нагласува дека спречувањето на обидот за државен удар е пример и ќе претставува инспирација за сите народи од кој било дел на светот.
„Спречувањето на обидот за државен удар е пресвртна точка во историјата на демократиите. Овој настан, ќе биде пример на надеж и инспирација за сите народи во било кој дел од светот кои ја сакаат слободата. Но за жал, сојузниците на Турција, особено нашите западни пријатели, во вистинска смисла на зборот, беа неуспешни да го ценат тоа што беше преживеано. Некои западни влади и организации, наместо да се солидаризираат со спротивставувањето на граѓаните на пучот, тие ја спроведоа тактиката 'чекај и гледај'. Дволичноста и примената на двоен стандард, длабоко ја разочара турската нација која за својата слобода целосно се вложи”, се наведува во статијата на Ердоган.
- „Нема никакво оправдание за предавството на пријателството со Турција” -
Ердоган истакна дека острите критики за напорите на Турција да ги „пронајде и исфрли од работа јавните службеници, членовите на ФЕТО од јавниот сектор”, ги потврди сомневањата за поддршка на западот за демократијата и безбедноста на Турција.
Ердоган истакна дека високите раководители на ФЕТО, добиле азил од страна на земји кои наводно ѝ се пријатели и сојузници на Турција. Во својот напис тој продолжи со зборовите:
„Не постои никакво оправдание за предавството на пријателството со Турција, кое е несоодветно со нашите билатерални врски и основни вредности. Денеска, западните лидери треба да изберат дали ќе бидат заедно со терористите, или сакаат повторно да ја придобијат довербата на турската нација. Неприфатливи се критиките насочени кон вонредната ситуација во Турција, знаејќи дека голем број земји ги прават истите чекори против многу помали закани“ нагласи Ердоган и додаде дека само терористичката организација ПКК е причина за смртта на околу 50.000 сограѓани.
Тој истакна дека и покрај тоа што денес постојат конретни докази против припадниците на ФЕТО има тенденции да се забави судскиот процес кој се води против нив.
„Воопшто не е лесно да се борите против една структура, како што е ФЕТО, која работи на база на таинственост. Таа ги користи своите помошници, инфилтрирани во јавните институции, кои искористувајќи го бирократскиот систем, успеале да се искачат на највисоко ниво. И покрај тоа што денеска постојат конкретни докази против членовите на ФЕТО во вид на видео-материјали, може да се забележи дека има тенденции за забавување на судскиот процес. Но ние продолжуваме со нашата борба која се потпира врз правдата”, истакнува во статијата за „The Guardian“ турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.