Barış Kılıç
16 Јануари 2019•Ажурирај: 17 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - „Крајната цел на терористичката организација ФЕТО била воспоставување теократски тоталитарен режим во Турција, втемелен врз владеењето на оваа организација“, соопштено е во одлуката на Судот во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Во одлуката на Судот се истакнува дека терористичката организација ФЕТО во периодот од 17 до 25 декември 2013 година се обидела на дело да ја спроведе заверата, со цел соборување на тогашната Влада, со што е извршено кривично дело кое се однесува на повреда на Уставот на Турција.
Според одлуката на Судот во Анкара, терористичката организација ФЕТО од 2006 година преку инфилтрирани членови во државните институции и низ медиумите спроведувала константни удари на институциите, преку отворање паралелни истраги и операции и блокада на работата на институциите.
Терористичка организација ФЕТО во 1970-тите години започна да ги инфилтрира своите поданици во турските безбедносни институции, за до 1980-те години значително да ги зајакне своите паралелни пирамиди во овие институции и на 15 јули, 2016 година, изведе обид за воен удар со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраните власти во Турција.
Во текот на обидот за државен удар во Турција беа убиени 251, а повредени околу 2.200 лица.
Турските надлежни институции започнаа опсежна борба против оваа терористичка организација на чие чело е Фетула Ѓулен.