Cihan Demirci
05 Август 2016•Ажурирај: 06 Август 2016
ЕДРЕНЕ (АА) – ЏИХАН ДЕМИРЏИ
Иако е во поизминати години, Лејла Балдиранџи (82) уште од првиот ден доаѓа на „демократската стража“ во Едрене против обидот за државен удар на ФЕТО. Со турското знаме в рака, таа ќе продолжи да присуствува до 7 август, јавува Anadolu Agency (AA).
Балдиранџи, уште од денот на предавничкиот обид за удар, на 15 јули, досега не отсуствувала од улиците. Таа истакна дека за својата татковина, на демократската стража ќе присуствува до крајот на својот живот.
Балдиранџи за дописникот на АА изјави дека секој ден се молела за претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Таа вели дека турскиот народ го запрел обидот за удар со повикот на Ердоган.
„Таа ноќ и јас го земав знамето и излегов на улица. Шетав низ моето маало. Младите и старите, сите за заштита на татковината беа излезени на улица. Бог да ги благослови сите оние што се на демократската стража. За нашата татковина ќе бидам на стража до крајот на мојот живот.
Балдиранџи истакна дека нејзините предци биле иселеници од Македонија.
„Ние, иселениците, добро знаеме што значи да се остане без татковина. Дедо ми, заедно со семејството доживеал многу тешкотии при иселувањето од Македонија во Турција. Ние се родивме и пораснавме тука. Нашата татковина Турција не беше формирана лесно. Сигурно ја знаеме нејзината вредност. На 15 јули сакаа да ни ја распарчат татковината, но ние не им дозволивме. Претседателот Реџеп Таип Ердоган нè повика. Имам три деца, четири внуци и три правнуци за кои се грижам. Сите заедно сме на стража. Ако даде Бог, на стража ќе бидеме до 7 август. Бог да ни даде здравје, за оваа земја ќе бидеме на стража до последниот здив. За нас е доволно да бидеме корисни за нашата земја“.
- „Во периодите на удари доживеавме многу маки“-
Балдиранџи истакна дека ударите во 1960 и во 1980 година ја вратија Турција години назад. Таа раскажа како ударите предизвикале лоши резултати во државата, во областите на социјалата, политиката и општо, во животот.
Баба Лејла вели дека во периодите на ударите доживеале многу маки.
„За време на ударите чекавме во редови за една корка леб. Тие маки се во нашите спомени, исто како да се случиле вчера. Ние како граѓани на оваа држава не можевме да дозволиме удар. За истите маки да не ги доживеат нашите деца, внуци, излеговме на улиците за поддршка на нашата демократија и претседателот. Бог да им помогне на претседателот и на неговите поддржувачи и соработници. Бог на Таип Ердоган да му даде сила и моќ за многу години“.
Балдиранџи истакна дека партиите АК, МХП и ЏХП беа како ѕид против ударот.
„Сите партии постапија мислејќи за доброто на народот. Бог да ги благослови нив. Од нив добивме сила. Сè додека ме држат нозете, ќе продолжам да доаѓам на стража. Младите чекореа многу силно против ударот и уште посилно да чекорат. За заштитата на нашата држава, верата, верувањето и земјата, младите посилно да чекорат. Од нив барам да бидат како „Младите жители на пештерата“ (предание од Куранот).