АНКАРА (АА) - Турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече дека Турција е подготвена во Сирија да испрати копнени сили, ако е потребно, јавува Anadolu Agency (AA).
Давутоглу во интервју за Ал Џезира Турк ја коментираше моменталната ситуација во Турција и регионот.
На новинарско прашање дали е можно дека турската влада да покрене индиректни преговори со терористичката организација ПКК, Давутоглу рече дека Турција во изминатите 14 години претрпе длабоки демократски и економски реформи и дека ПКК во 2013 година вети дека ќе стави крај на вооруженото активности, но потоа тие ветувања биле прегазени и поради настаните во соседна Сирија беа обновени терористичките активности.
"Не е возможно да се воспостави дијалог со терористите. Ние тоа не го правевме ни порано, но тие самите го даваа тоа ветување. Во премиерскиот мандат на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган започнат е процесот на решавање на курдското прашање. Сепак, ПКК не го предаде оружјето и не стави крај на терористичките активности. Во моментов не постои можност за враќање на процесот додека тероризмот во Турција не се искорени. Анти-терористичките операции ќе продолжат се додека тероризмот не го искорениме од сите турски градови, села и планини", рече Давутоглу.
- Давутоглу: Никогаш нема да го прифатиме легитимитетот на Асадовата власт
Коментирајќи ја ситуацијата во Сирија, особено по десетиците гранати кои од Сирија паднаа на турскиот град Килис, Давутоглу рече дека ставот на Турција од почетокот на кризата во таа земја, беше јасен и дека тој никогаш нема да го прифати легитимитетот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој ги убива своите луѓе и кој од Сирија во Турција протера три милиони луѓе.
"Доколку е потребно,Турција е подготвена во Сирија да испрати копнени сили. Подготвени сме да ги превземеме сите мерки во и надвор од земјата за да се заштити Турција. Всушност, кога станува збор за борбата против ДАЕШ веќе имаме голем број резолуции на Обединетите нации. Овие резолуции веќе ни дадоа легитимитет на борбата против ДАЕШ и другите терористички организации", рече Давутоглу.
Истакнувајќи дека територијата на Турција особено се соочува со безбедносни закани, Давутоглу рече дека Анкара не сака било која земја на светот, вклучувајќи ја и Русија, да ја има за свој непријател, но дека мора да се брани од заканите на ДАЕШ и други терористички групи.
"Со Русија, порано имавме добри односи и се надеваме дека тие повторно ќе бидат такви. Сепак, ние сме подготвени за сите акција кога станува збор за нашата национална безбедност. Под закана од терористите на ДАЕШ не е Русија, туку Турција ", рече Давутоглу.
- Давутоглу: Сириските бегалци никогаш нема да ги користиме како алатка за преговорите со ЕУ
Осврнувајќи се на критиките на одредени кругови дека прашањето за сириските бегалци се користи како залог во преговорите на Турција со Европската унија, Давутоглу рече дека е се крајно неосновани и неморални ваквите оптужби кон Турција која патем има примено три милиони бегалци, од кои 2,7 милиони се од Сирија .
"Бегалците се за нас пред се луѓе. Сиријците се наши браќа. Без оглед на ставот на ЕУ, ние секогаш ќе им помогнеме на нашите браќа и нашите врати се отворени за нив. Европејците се свесни за она што го правиме. Никогаш бегалците ние не ги користевме во преговорите, но ако бегалците со нивното пристигнување предизвикуваат криза во Европа, ние мора да седнеме и да ја решиме таа криза ", рече Давутоглу.
Коментирајќи ги билатералните односи меѓу Турција и Иран, Давутоглу истакна дека Иран, баш како и Русија, е важен сосед на Турција, но дека е општо познато дека Анкара и Техеран имаат различни ставови за ситуацијата во Сирија.
"Турција не ги одобрува кривични дела на сирискиот режим против народот на Сирија, додека Иран го поддржува режимот на Асад и тоа е основата на нашата расправа за сириското прашање. Сепак, никогаш не се затворени каналите на комуникација со Иран. Овој регион ни припаѓа на сите нас и ние ќе продолжиме со дијалогот со цел да се изнајдат политички решенија на кризата и несогласувањата ", рече Давутоглу.
- Се надеваме дека внатрешната криза во Египет ќе биде надмината
Во врска со билатералните односи меѓу Турција и Египет, Давутоглу рече дека тоа е можно само ако се реши прашањето за политичките затвореници и почитувањето на човековите права во Египет.
"Соборувањето на демократски избран претседател е неприфатлив чин. И во Турција и во минатото сме имале воени удари. Аднан Мендерес на тој начин беше убиен. Турција никогаш и никаде во светот нема да поддржи државен удар. Тоа е нашата јасна позиција ", рече Давутоглу, и изрази надеж дека внатрешната криза во Египет ќе биде надмината.
news_share_descriptionsubscription_contact
