Dursun Aydemir
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
БРИСЕЛ (АА) - И оваа година на убав начин продолжуваат активностите по повод „Денот без автомобили“ во Белгија којшто се одржува секоја година во третата недела од месец септември, јавува Anadolu Agency (AA).
Затворени се патишта за сообраќај во 19 области во Брисел во временскиот период од 09:30 до 19:00 часот.
Граѓаните уживаа во прошетките по празните улици. Други низ улиците возеа скејтборд, ролери и велосипеди.

Од страна на Општината на Брисел во различни места на градот беа организирани игри, спортски настани и концерти. А денес јавниот превоз дава бесплатни услуги во градот.
Во 160 километарските, затворени за сообраќај, траси во главниот град може да се поминува само со посебна дозвола, а излезот кон градскиот сообраќај е можен само со валидни причини.
Полицијата презеде мерки со цел контролирање на дозволената брзина на движење. Се соопштува дека полицијата ќе ги отстрани автомбилите којшто ќе ја надминат брзината на движење или ќе излезат без дозвола низ главните улици на градот.
За јавниот превоз, пожарникарните и амбулантските возила поставена е максимална брзина на движењето од 30 км на час.