Yusuf Hatip
06 Јуни 2018•Ажурирај: 07 Јуни 2018
БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, го поздрави договорот на Турција и САД околу мапата на патот за Мунбич, јавува Anadolu Agency (AA).
Столтенберг, на прес-конференцијата што се одржа во седиштето на НАТО во Брисел, напорите на двата сојузника на НАТО, Турција и САД, за наоѓање решение за тешката состојба во северниот дел на Сирија ги оцени како значајни и за НАТО.
Столтенберг истакна дека не е можно да коментира за деталите на мапата на патот, и дека тие ќе бидат определени од страна на двата сојузника на НАТО.
Како што рече, за време на посетата на Вашингтон и на Анкара разговарале околу прашањето на Мунбич. „Го поздравувам договорот на Турција и САД околу мапата на патот за Мунбич“, додаде тој.
Столтенберг вели дека додека продолжува борбата против тероризмот, треба да се земе предвид легитимната загриженост на Турција за безбедноста.