Ekip
12 Февруари 2025•Ажурирај: 13 Февруари 2025
БУСАН (АА) – Со олабавувањето на зимскиот стисок врз Корејскиот Полуостров, крајбрежниот град Бусан го осветли ноќното небо со векови старата традиција што го одбележува Џеонгвол Деборум, фестивал на првата полна месечина од лунарната Нова година, јавува Анадолу.
Овој фестивал, кој се одбележува на петнаесеттиот ден од првиот лунарен месец, е длабоко вкоренет во корејската аграрна култура и ја симболизира надежта за добра среќа, здравје и просперитет во наредната година.
Белег на празнувањето е традиционалната церемонија на палење снопови, каде што беше запален голем оган, познат како „далгип“ или „куќа на месечината“, на плажата Хаундае во јужнокорејскиот град Бусан.
Огништето направено од слама и гранки, често во облик на куќа или месечина, привлече голем број локални жители и посетители што се собраа да го видат спектаклот. Учесниците ги напишаа своите желби на парчиња хартија и ги фрлија во пламенот, молејќи се нивните соништа да се остварат во годината што претстои.
Освен палењето на огнот, на фестивалот се прикажани и различни културни активности, како традиционални изведби, музика и паради со фенери, прикажувајќи го богатото културно наследство на Кореја.