Fatih Hafız Mehmet
14 Септември 2019•Ажурирај: 17 Септември 2019
СТОКХОЛМ (АА) - Потврдувајќи дека музиката е универзален јазик, сазот, жичен музички народен инструмент, тесно поврзан со турската област Анадолија, се најде во рацете на еден од неговите најголеми фанови во Шведска.
Бенгис Хасон, голем следбеник на легендарниот турски трубадур Ашик Велсел, свири на саз околу 35 години, а бил инспириран откако случајно за прв пат на радио го слушнал карактеристичниот звук на инструментот.
„Си реков дека ова претставува специјален звук за мене“, го започна разговорот Хансон за Anadolu Agency (AA) во кој ја отркри својата љубов кон сазот.
До тогаш тој бил љубител на блуз, пренесувајќи ја афро-американската музика на тага и тешки времиња преку гитарата.
Но откако го слушнал сазот тоа го насочило во различна насока и добил потреба да научи за тој егзотичен инструмент. Тој во тоа со сигурност се убедил кога видел како некој го свири тој инструмент на фестивал во Стокхолм.
Подоцна, Хансон имал можност да дојде до музичарот и да го праша дали било лесно да се свири на тој инструмент.
„Тој ме погледна в лице, ја сврте главата и рече „можеби"“, се присети Хансон.
- „Со свирењето на саз пронаоѓам длабок мир“ -
Најчестиот турски народен инструмент, саз, има седум жици, широк и заоблен корпус и долг врат. На овој инструмент кој веројатно бил локално воведен со населувањето во турска Анадолија во 11 век, се свири со рака или со удар на жиците со перце.
Хансон имал среќа да најде курс за свирење на саз во Стокхолм, каде научил од Џенгиз Тумер, кој има турско потекло.
Како што раскажа, Хансон рече дека Тумер бил прилично изненаден што Швеѓанин се обидува да го научи свирењето на овој инструмент.
„Свирањето на инструментот делува како еден вид духовен мелем. Додека свирам на саз, ја слушам мојата душа и пронаоѓам длабок мир“, открива Хансон.
Тој настапува и пее на многу фестивали, па дури и составил 10 свои песни, во турски народен музички стил наречен „бозлак“, обично истражувајќи теми за љубовта и тагата.
Тој го пофали Ашик Вејсел, познатиот турски поет и музичар кој бил слеп најголем дел од животот, а починал во 1973 година по долга и одлична кариера.
Нарекувајќи го Вејсел многу посебен трубадур, Хансон рече дека превел некои негови дела на шведски.
Хансон рече дека Вејсел живеел и свирел во различно време, она во кое денешните студија за високо-технолошко снимање не биле познати, а музичката уметност била повеќе реалистична.
„Тој свираше на саз природно и сè додека го слушам, го признавам неговиот неверојатен квалитет“, додаде Хансон.
Овој музичар го пофали и Нешет Ерташ, фолк пејач од подоцнежната генерција кој почина во 2012 година, велејќи дека е надарен поет со стил малку поразличен од оној на Вејсел.
Хансон рече дека слуша и многу други трубадури од Турција како што се Ашик Махзуни Шериф, Ариф Саг и Муса Ероглу.