Hilal Uştuk
05 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - ХАЛИЛ УШТУК -
Анил Унлу (27) од Караман, Турција, на врвот Кала Патхар на планината Еверест свиреше на инструментот саз и пееше турска народна песна.
Унлу веќе пет години патува низ светот, а веќе четири години свири на саз.
Во разговор за Anadolu Agency (AA) истакна дека како студент со ограничени материјални можности почнал да патува.
„Во 2017 година дипломирав на Машинскиот факултет на Универзитетот Билкент. Кога студирав тука, почна в да патувам. Исто така, откако дипломирав патував две години, во чии рамки за вкупно 5 години посетив 45 различни земји“, рече Унлу.
Како што раскажа, во земјите кои ги посетува се обидува да се запознае со културните карактеристики на тоа место.

Тој рече дека во овие рамки ја промовира и неговата култура, со сазот кој го носи со себе при патување.
„Пред 15 дена патував на главниот камп на Еверест. Таму го носев и мојот саз. На врвот Кала Патхар од каде најубаво се гледа Еверест, на височина од 5.643 метри пеев народна песна, свирев на саз и тоа го снимив. Доживеав посебна возбуда и среќа“, раскажа Унлу.
Според неговото раскажување, Унлу патува сам, а понекогаш и со неговите пријатели.
„Веќе пет години патувам во одредени интервали. Во 2019 година почнат редовно да патувам, и седум од последните 10 месеци патував. Последно од мојот дом излегов во септември, и безпрекин ќе патувам до август. Досега ги патував Непал и Индија. Потоа ќе се враќам и ќе се подготвам за моето две и пол годишно патување во Африка“, рече Унлу.