Hilal Uştuk
12 Април 2016•Ажурирај: 13 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – Во спотот за својата нова песна „Limanında“, што би значело "Пред порта", турскиот пеач Теоман зборува за драмата на сириските бегалци, јавува Anadolu Agency (AA).
Во спотот станува збор за вистинска приказна на сиријците Бериван и Васим, и нивната авантура како преку Турција избегале за Германија.
Во спотот парот кој е приморан да ја напушти Сирија, и го оставил зад себе стариот начин на живот, патувајќи од Сирија, преку Газиантеп, Истанбул, Измир и Грција го отсликува тешкиот живот на бегалците по овие патишта.
Спотот е дело на режисерот Чарлс Ричардс, кој на документарен начин го заврши за 10 дена.
Проектот е поддржан од страна на УНИЦЕФ и ОН.