култура и уметност

Турски куклар ја претставува „Караѓоз и Хаџиват“ сочувувајќи ја нејзината уметност и потекло

„Тоа е народна култура, јавен еп. Вклучува имагинација и слики. „Караѓоз и Хаџиват“ е национална уметност која има голема вредност кај турската нација“, вели турскиот куклар Метин Озлен

Erdoğan Çağatay Zontur  | 15.01.2020 - Обновена : 21.01.2020
Турски куклар ја претставува „Караѓоз и Хаџиват“ сочувувајќи ја нејзината уметност и потекло

ИСТАНБУЛ (АА) - Турски куклар, кој е професионалец во традиционалната театарска куклена претстава со сенки „Караѓоз и Хаџиват“, има за цел да ја сочува нејзината уметност според нејзиното потекло.

Метин Озлен (80) во разговор за Агенција Анадолија (АА) изјави дека ја научил претставата на 4 години од приказните што му ги раскажувал неговиот дедо. Тој подоцна станал заинтересиран за техниките како да се претстави приказната и ги направил првите фигури на ликовите од картон.

Продолжувајќи ја својата професија како аматер, Озлен освоил 1. место на Првиот национален натпревар „Караѓоз“ во 1976 година и ја започнал својата професионална кариера истата година.

Тој рече дека „Караѓоз и Хаџиват“ е претстава со многу фази, додавајќи дека оние што сакаат да ја оживеат, треба да напишат нова претстава од нула.

„Некои писатели се обидуваат да ги приспособат старите претстави со новите, но резултатот не е ништо повеќе од детска забава“, рече Озлен.

„Ако сакаме да ја сочуваме „Караѓоз и Хаџиват“, треба да го зачуваме нејзиното потекло. Ние треба да ја претставиме „Караѓоз и Хаџиват“ во општинските или државните јавни сали, а не на улиците или во рестораните.

„Треба да направиме разлика и меѓу другите професионални уметници“, рече тој.

- Музичка претстава - 

Озлен изјави дека „Караѓоз и Хаџиват“ е претстава со традиционална турска музика.

„Тоа е народна култура, јавен еп. Вклучува имагинација и слики. „Караѓоз и Хаџиват“ е национална уметност која има голема вредност кај турската нација“, додаде тој.

Озлен рече дека е исто така подготвен да ги сподели своите искуства со младите луѓе.

Озлен беше прогласен за живо човечко богатство во 2008 година од страна на Министерството за култура и туризам.

Со куклите на „Караѓоз и Хаџиват“ управува еден уметник.

Традиционалниот турски куклен театар со сенки е една од најстарите форми на турската уметност.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.