Elvir Hociç
04 Септември 2017•Ажурирај: 04 Септември 2017
МОСКВА (АА) - Јубилејниот десетти Меѓународен фестивал на воената музика „Спаскаја кула“ е завршен со спектакуларна парада и концерт на Црвениот плоштад во центарот на руската престолнина на Москва, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за најголема меѓународна културна манифестација која веќе традиционално се одржува во Русија, а оваа година на фестивалот учествуваа 30 оркестри од 15 земји од светот.
Илјадници музичари и изведувачи во изминатите девет дена, во центарот на Москва ги забавуваа стотиците илјади посетители, а манифестацијата беше „зачинета“ и со спектакуларни огномети.
Овогодишното издание на фестивалот понуди и богата програма за најмладите посетители, кои можеа одбликсу да се запознаат со воената традиција, вештините на јавање и со мешаните боречки вештини.
Треба да се напомене дека организаторите и оваа година приредија посебна програма и за социјално загрозените групи, на кои во целата земја претходно им беа поделени десетици илјади бесплатни влезници за манифестацијата.