култура и уметност

САД: Сан Франциско домаќин на 47-та годишна Голема карневалска парада

Карневалот во Сан Франциско ги негува и одбележува разновидните корени на латиноамериканската, карипската и африканската дијаспора на Мишн Дистрикт и подрачјето на заливот на Сан Франциско

Elena Trenchevska Chekovic  | 26.05.2025 - Обновена : 26.05.2025
САД: Сан Франциско домаќин на 47-та годишна Голема карневалска парада Фото: Tayfun Coşkun/АА

СКОПЈЕ (АА) - Во Сан Франциско, Калифорнија, во Соединетите Американски Држави (САД), се одржа 47-та годишна Голема карневалска парада, јавува Анадолу.

Карневалот во Сан Франциско ги негува и одбележува разновидните корени на латиноамериканската, карипската и африканската дијаспора на Мишн Дистрикт и подрачјето на заливот на Сан Франциско.

Дел од парадата беа разнобојни платформи, самба танчери, марширачки оркестри и изведувачи кои прикажуваа различни латино и карипски традиции.

Мишн Дистрикт беше трансформиран во сцена на разни ритми и бои, додека учесниците во традиционална облека танцуваа низ улиците.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.