Elvir Hociç
16 Април 2018•Ажурирај: 17 Април 2018
СЕВИЉА (АА) - Андалузија е најјужната и најсончевaта шпанска покраина, која повеќе од осум века била под муслиманска власт, што оставило белег на културата, архитектурата, начинот на живот, и јазикот кој се разликува од стандардниот шпански јазик, а исто така, се нарекува и андалузиски говор или дијалект, јавува Anadolu Agency (AA).
Гранада, Севиља и Малага се андалузиски градови кои беа дом на познати уметници како Пабло Пикасо, а за кои пишувал и Ернест Хемингвеј во својот роман „Сонцето се раѓа повторно“.
За симбол на обединета Шпанија се смета Гранада, а симболот на овој андалузиски град е секако Алхамбра или Црвената палата.

Станува збор за прекрасен и романтичен комплекс на монументални споменици на исламската култура и еден од најголемите туристички атракции во Шпанија.
Изградена во XIII век, Алхамбра е едно од седумте светски чуда, а со надреалната убавина, особено на зајдисонце, е како палатите што се опишани во „Илјада и една ноќ“, познатата збирка раскази од арапската и персиската литература.

Еден од најважните споменици на исламската култура во Андалузија е Големата Абд ал Рахман џамија во Кордоба, која била изградена во осмиот век, и како и Алхамбра се наоѓа на листата на УНЕСКО на светско наследство.
Комплексот со вкупно 1.293 столбови подоцна беше претворена во катедралата Мескита де Кордоба (џамија-катедрала во Кордоба)
Најголемиот и главниот град на Андалузија е Севиља, а во неговото староо градско јадро доминира Реалес Алказарес, кралската палата. Првично е изградена во XII век, а подоцна комплексот е надградуван, меѓутоа останал споменик на исламската култура во овој дел на Европа.
На листата на светско културно наследство на УНЕСКО е запишана како најстара кралска палата, а глетката ја надополнуваат прекрасните базени во дворот, во кои се отсликува маурската архитектура.
Малага е уште еден андалузиски град чија главна туристичка атракција, палатата Алзазаба, е исто така, значаен споменик на исламската култура.
Домот на градските владетели од XI век се наоѓа по должината на Античкиот амфитеатар кој Римјаните го изградиле еден век пред нашата ера.