Kemal Zorlak,Elman Omic,Denis Zuberi
06 Февруари 2025•Ажурирај: 07 Февруари 2025
САРАЕВО (АА) - Пред три месеци група шпански муслимани на коњи тргнаа од Андалузија до Мека за да го извршат аџилакот, петтата исламска должност.
Со желба да ги оживеат маршрутата и искуството на андалузиските муслимани што пред повеќе од пет века по копнен пат заминувале на аџилак, група идни аџии на својот необичен пат стигнаа и до Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, пишува Анадолу.
По доаѓање во Сараево членовите на експедицијата ги посетија Башчаршија и други знаменитости, а симболично застанаа пред Хаџијската џамија (Векил Харч), некогашно места за испраќање на сараевските аџии, оживувајќи ја традицијата на босанските муслимани.
Абделкадер Харкаси Аиди, организатор на необичното патување, изјави дека патувањето го започнале пред три месеци и го поминале поголемиот дел од Европа. Изразувајќи го своето задоволство од престојот во Босна и Херцеговина, членовите на експедицијата изразија длабока благодарност до босанскиот народ за гостопримството и поддршката.
„Ова е врв на нашето патување, фала Богу. Благодарни сме му на босанскиот народ. Ни помага на целиот пат откако влеговме во БиХ“, изјави Харкаси Аиди.
Тој изјави дека сѐ уште не добиле дозвола за влез во Србија „поради падот на Владата во таа земја пред седум дена“.
На прашањето на новинарот која е неговата порака од Сараево, Харкаси Аиди рече: „Со ова патување научивме дека Алах прави сѐ да е возможно. Ако имате верба во Алах и тргнете со свој проект, тоа и ќе го остварите.“
По молитвата во Хаџиската џамија, тројцата идни аџии на коњи го продолжија патот кон Мека.