Haydar Karaalp
10 Мај 2023•Ажурирај: 11 Мај 2023
БАГДАД (АА) - Ирачката администрација врати 6.000 парчиња историски артефакти кои се наоѓаат во Велика Британија од 1923 година, јавува Анадолу.
Ирачкиот претседател Абдулатиф Рашид, на Меѓународниот аеродром во Багдад, по повод враќањето на наведените артефакти, рече дека вратиле 6.000 парчиња артефакти кои биле однесени во Англија на научни студии во 1923 година, и дека ова е второ по големина враќање на артефакти во Ирак.



„Се надеваме дека историските артефакти кои се наоѓаа во Англија ќе бидат од корист за научниците и истражувачите во научните студии, како и за целото човештво“, рече Рашид.
Наведе дека ќе продолжат да работат на враќање на историските артефакти украдени од Ирак и однесени во странство.
Рашид се заблагодари на британската Влада за солидарноста во зачувувањето и враќањето на 6.000 артефакти.