Nur Asena Ertürk
10 Октомври 2024•Ажурирај: 11 Октомври 2024
СТОКХОЛМ (АА) - Нобеловата награда за литература за 2024 година ѝ е доделена на јужнокорејската писателка Хан Канг, јавува Анадолу.
Хан го доби признанието за „нејзината интензивна поетска проза која се соочува со историски трауми и ја разоткрива кревкоста на човечкиот живот“, објави денес Нобеловиот комитет.
Авторката е родена во 1970 година во Јужна Кореја, каде што живее и денес, како ќерка на „угледен романсиер“, се вели во соопштението на Комитетот.
Се додава дека таа е заинтересирана и за уметност и музика.
Таа ја започна својата кариера во 1993 година, а нејзиниот „голем меѓународен пробив“ дојде со романот „Вегетаријанец“. Романот, објавен во 2007 година, ги прикажува насилните последици што се јавуваат кога протагонистката Јеонг-хе одбива да се потчини на нормите за консумирање храна, се вели во соопштението.
Авторката има „уникатна свест за врските меѓу телото и душата, живите и мртвите, а во својот поетски и експериментален стил стана иноватор во современата проза“, заклучува Нобеловиот комитет.