На Туркије ѝ се враќа статуата на Маркус Аврелиј што беше шверцувана во странство
„Уникатната бронзена статуа на римскиот император Маркус Аврелиј претставен како филозоф, која илегално беше изнесена од Туркије од античкиот град Бубон во 60-тите години на 20 век, официјално ѝ е предадена на Туркије“, изјави заменик-министер Јазги
АНКАРА (АА) - Турскиот заменик-министер за култура и туризам Ѓокан Јазги во објавата на својот профил на социјалните мрежи наведе дека статуата на Маркус Аврелиј ќе се врати во Туркије, известува Анадолу.
Заменик-министерот Јазги во својата објава истакна:
„Уникатната бронзена статуа на римскиот император Маркус Аврелиј претставен како филозоф, која илегално беше изнесена од Туркије од античкиот град Бубон во 60-тите години на 20 век, официјално ѝ е предадена на Туркије на церемонија одржана во Музејот на уметност во Кливленд. По приближно 65 години научни, правни и дипломатски напори, статуата на Маркус Аврелиј конечно се враќа во Анадолија, каде што припаѓа. Пред да биде донесено во Туркије споменатото дело три месеци ќе им биде претставено на посетителите во Музејот на уметност во Кливленд како дел од специјална изложба. Во јули статуата повторно ќе биде кај нас, на местото во сопственото културно опкружување. Така, долгото патување на Маркус Аврелиј ќе заврши во земјата на која и припаѓа.“
