Seyyid Emin
09 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
СКОПЈЕ
Поранешниот поглавар на Верската заедница (Дијанет) на Турција, Мехмет Ѓормез, кој е претседател на Институтот за исламска мисла (ИДЕ), учествуваше како говорник на онлајн конференцијата во рамки на проектот „Младинска школа 2020 - Мост“ (КГО), јавува Агенција Анадолија (АА).
КГО се организира од страна на Здуржението за култура, уметност и образование „Мост" (Ќопру) со седиште во Скопје, во рамки на проектот „Балканска младинска школа“ поддрана од страна на Дирекцијата на Турците во странство и сродните заедници (YTB).
Покрај Ѓормез, на оваа онлајн конференција која се емитуваше и во живо на социјалните мрежи учестуваа бројни претставници на турските институции и организации во земјата, ученици, студенти како и други гости.
Ѓормез својот говор на тема „Светот на младоста, исламот и месецот Рамазан“ го започна упатувајќи честитки по повод месецот на постот рамазан.
„Посакувам милост од Бога за сите наши предци кои може да се сметаат за духовни архитекти на Скопје, како Јигит Паша, Ата Ефенди, Фетах Ефенди и хафиз Идриз“, рече Ѓормез.
Тој нагласи дека градовите имаат дух и дека Скопје е град со дух.
„Градовите имаат дух и Скопје е град со дух. Колку и да се менува демокрафската структура на Скопје, всушност Скопје е муслимански град. Со своите згради, камења, улици и патишта, Скопје е град со дух“, нагласи Ѓормез.
Според него, светот на младите е поразличен од светот на постарите лица, но дека постарите лица треба праведно да ја разбераат таа разлика, и да дадат точни одговори на прашањата на младите.
Во своето обраќање Ѓормез се осврна и на значањето на концептите како „живот“ и „времетраењето на животот“, и „его“, „личност“ и „идентитет“, и рече: „Идентитетот е цивилизација, идентитетот е уммет“.
Ѓормез истакна дека во поранешните времиња младите имале три школи, односно семејството, џамијата и училиштето.
„Четвртото школо излезе пред овие школи. Овој инструмент (телефон) излезе пред овие три училишта. Затоа, во во светот на дигитализацијата се формира виртуелен свет. Ние сега зборуваме во овој вирутелен свет. Сигурно дека нема да му кажеме 'не' на овој дигитален свет, туку ќе го искористиме на што е можно најдобар начин“, додаде Ѓормез.
Претседателот на Здуржението Ќопру, Хусрев Емин, упати благодарност до Ѓормез поради што ја прифатил поканата да биде гостин во оваа програма.