култура и уметност

Изложбата „Од првиот чекор до формирањето“ отворена во Скопје

Во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од пристигнувањето на Мустафа Кемал Ататурк и неговите соборци во Самсун, во Музејот на град Скопје е отворена изложбата „Од првиот чекор до формирањето“

Seyyid Emin  | 20.12.2019 - Обновена : 21.12.2019
Изложбата „Од првиот чекор до формирањето“ отворена во Скопје (Foto: Seyyid Emin/ Anadolu Agency )

СКОПЈЕ (АА) - Во соработка на Гувернерството на турскиот град Самсун и Амбасадата на Република Турција во Северна Македонија, во Скопе е отворена групна изложба на турската национална борба под наслов „Од првиот чекор до формирањето“, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од пристигнувањето на Мустафа Кемал Ататурк и неговите соборци во Самсун, во Музејот на град Скопје свечено е отворена изложбата „Од првиот чекор до формирањето“, на кое присуствуваа Ихсан Шенер, советник на претседателот на Турција; заменик-гувернерот на Самсун, Ибрахим Авџи; заменик-министерот за млади и спорт на Република Турција, Ихсан Селим Бајдаш.

На настанот присуствувааа и заменик-шефот на мисијата на Амбасадата на Република Турција во Северна Македонија, Умут Љутфи Озтурк; министерот без ресор во Владата на Северна Македонија задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан; пратеникот на турската Партија на национално движење (МХП), Сафет Санџакли; пратеникот на турската Партија на национално движење во Република Северна Македонија, Енис Ибрахим; директорот на турскиот културен Институт „Јунус Емре“, Серхат Кула, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ), Хусрев Емин и голем број гости.

Заменик-гувернерот Авџи за претставниците на медиумите изјави дека посакале на скопјани да им ги презентираат документите и фотографиите на кои е претставена поддршката што турската жена ја дала во рамките на борбата за независност.

Авџи истакна дека целта на изложбата е да се прераскаже турската борба за слобода и дека со неа сакаат на младите да им го потенцираат значењето на таа борба.

„Како што и самите знаете, Скопје не е непознат за нас. Знаеме дека Јахја Кемал Бејалти е поет и на Истанбул и на Скопје. Исто така, и потеклото на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк е од овие простори, и знаеме дека тие врски со себе носат одредени одговорности. Поради таа причина денеска сме тука", рече Авџи.

Авџи информира дека споменатата изложба претходно била изложена во Париз, Берлин, Кипар и Брисел.

Заменик-министерот за млади и спорт на Турција, Бајдаш, во своето обраќање го истакна своето задоволство што престојува во Скопје, во рамките на активностите по повод одбележувањето на 100-годишнината.

„Огнот на националната борба е запален пред 100 години, а творците на огнот на таа национална борба се лица кои израснале на овие простори. Првенствено, Мустафа Кемал е родум оттука, неговите корени се од овие простори, а во Битола ја завршил и Воената школа. Зборуваме за национална борба чиј зачеток е од овие простори и како производ на таа 100-годишна национална борба, денес, фала му на Господ, ја гледаме Република Турција.“

Заменик-шефот на Амбасадата на Република Турција во Северна Македонија, Унит Љутфи Озтурк, истакна дека изложбата ќе биде посредник во потсетувањето на пожртвуваноста на турската нација која е решена да ги надмине сите потешкотии и одлучно продолжува по патот на независноста.

„И денес, Турција, на ист начин, одлучна да ја консолидира својата независност, под водство на остроумното раководство и поддржана од народот, продолжува по својот пат, со цел да го заземе заслуженото место во современиот свет“, рече Озтурк.

Министерот Хасан истакна дека е горд што како претставник на Турците од Северна Македонија е земјак со Мустафа Кемал Ататурк кој, како што рече, не претставува пример само за Турција, туку е пример за сите сонародници од целиот свет.

„Почетокот на националната борба за независност под паролата „Или независност или смрт“, под водство на Мустафа Кемал Ататурк, започна во Самсун. Денес, благодарение на оваа организација подготвена од страна на Гувернерството на Самсун изграден е мост меѓу Самсун и земјата на која е роден Мустафа Кемал Ататурк.“

Изложбата ќе биде отворена за посета до 24 декември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.