Dzihat Aliju,Admir Fazlagic
26 Јануари 2017•Ажурирај: 27 Јануари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во организација на турскиот културен центар Инстиутот „Јунус Емре" во Скопје се одржа конференција насловена „Литературната и естетската вредност на Османлиските надгробни споменици“ на која свое предавање имаше доц. д-р. Мехмет Самсакчи од Факултетот за книжевност при Универзитетот во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
На настанот присуствуваа претставници на државните институции и организации, претставници на невладини организации и љубители на книженвноста и историјата.
Вршител на должност директор на турскиот културен центар Инстиутот „Јунус Емре" во Скопје, Фуат Коркмаз, во име на организаторот изјави дека верските и книжевните натписи се од најважните карактеристики на Селџуската и Османлиската цивилизација.
Тој рече дека како и другите натписи, така и надгробните споменици се важни во култарата, книжевноста и начинот на животот на турско-исламската цивилизација.
„Со тоа што го поседуваат тие имаат многу важна книжевна, културна и уметничка содржина. За нас е особено важна Македонија која што со векови имаше турско-исламската цивилизација", рече Коркмаз.
Во изјава на новинарите, доц. д-р Мехмет Самсакчи рече дека во рамките на своето предавање ќе зборува за тоа како турско-исламската цивилизација гледа на смртта и мртвите, естетиката во надгробните споменици, реалноста на смртта. Тој додаде дека спомениците и натписите се голема цивилизација.
„Во тие натписи свое место имаат вистината и реалноста на смртта, перцепцијата кон смртта во најестетска и најдлабока смисла", рече доц. д-р Самсакчи.
На вечерашниот настан се обрати и државниот секретар при Министерството за култура на Република Македонија Бехиџудин Шехаби кој го искажа своето задоволство за предавањето на доц. д-р Самсакчи, додавајќи дека Министерството за култура на Република Македонија ќе продолжи да соработува со турскиот културен центар Јунус Емре во Скопје.
Во рамките на настанот, доц. д-р Мехмет Самсакчи на присутните им ја подели својата книга „Книжевноста на турските надгробни споменици" со негова посвета.