Abdula Berisha
11 Септември 2020•Ажурирај: 13 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во главниот град на Северна Македонија денеска се отвори изложбата „Чаршијата преку фотографија и слика“, на којашто двајца млади уметници ги претставија своите дела, јавува Агенција Анадолија (АА).
На изложбата, што се одржа во Куршумли ан, беа претставени фотографии од Старата скопска чаршија, подготвени од фотографот Фисник Муртези и уметничката Џенета Мамути, каде дел од фотографиите беа претставени како фотографија од фото-апарат, а остатокот како слика.
Во својот говор пред присутните, уметничката Џенета Мамути ја истакна потребата од поддршка на младите уметници, истакнувајќи дека тоа е дополнителна мотивација.
„Во овој проект, Фисник и јас размислувавме да ја претставиме Чаршијата на поинаков начин. Да покажеме подетално како изгледа Чаршијата помеѓу фотографијата и сликањето“, рече Мамути.
Од друга страна, фотографот Фисник Муртези истакна дека Старата скопска чаршија е најубавиот дел од градот, додавајќи дека на изложбата се претставени разни улици со имињата на занаетите што се негуваат во чаршијата, како и џамии и други споменици на културата.
„Чаршијата не е само трговски центар кој има продавници. Чаршијата е исто така место за едукација, подигање на личноста, место каде што се основани многу општества кои траат вечно“, рече Муртези.
Тој истакна и дека новите генерации треба да ја знаат вредноста на Старата скопска чаршија и да придонесат за зачувување на нејзиниот антиквитет.
Како што беше најавено од организаторите, изложбата се одржа во согласност со препораките за заштита од новиот тип коронавирус (Ковид-19), додека учесниците мораа да оддржуваат дистанца и да носат маски.
Изложбата „Чаршијата преку фотографија и слика“ е поддржана од Министерството за култура на Северна Македонија и Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.