Mesut Zeyrek
11 Ноември 2018•Ажурирај: 12 Ноември 2018
КЕЛН (АА) - Денес во 11.11 часот, како и секоја година во Германија, започна сезоната на карневали која носи симболичен назив „петта годишна доба“, јавува Anadolu Agency (AA).
Карневалите во текот на сезоната се одржуваат првенствено во Келн, Дизелдорф и Мајнц, но и во останатите градови во Германија.
Неколкуте илјади луѓе кои се собраа во Келн, кој пак се смета за центар на карневалските церемонии, наглас одбројуваа од 11, по што сезоната на карневали и официјално започна.

Убавото време и фактот што почетокот на сезоната стартуваше во недела, придонесоа за поголемиот број посетители.
Карневалската сезона ќе трае до 6 март 2019 година.