Ömer Yetkin Acar
20 Јуни 2017•Ажурирај: 20 Јуни 2017
САО ПАОЛО (АА) - Младата бразилска уметница Луна Бучинели нацрта графит насловен како „Приказни“, на ѕид со површина од 2.500 метри квадратни и е кандидат за Гинисовата книга на рекордите, во категоријата најголем графит што го направила жена, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Рио де Жанеиро, Марсело Кривела, организираше свеченост по повод отворањето на графитот што 19-годишната уметница го нацрта на фасадата од едно училиште во тој град, во рамките на градскиот проект за разубавување на фасадите и ѕидовите.
Градоначалникот изјави дека уметницата Бучинели го нацртала графитот за 45 дена и притоа употребила тони боја, и истакна дека се гордее со неа и се надева оти тоа дело ќе биде регистрирано во Гинисовата книга на рекордите.
„Овој убав проект не го чинеше градот ништо бидејќи младата уметница понуди да го направи тоа бесплатно, така што склопивме одлична соработка“,изјави Кривела.
Директорот на канцелариајта на Градската управа за образование во Рио де Жанеиро, Сесар Бенџамин, најави дека во продолженитето на проектот, со графити ќе бидат украсени фасадите на уште 19 училишта.
Младата уметница изјави дека не сака многу да ги промовира своите трудови, туку тоа го прави за раскаже некои од своите сонови.