Admir Fazlagic
07 Октомври 2018•Ажурирај: 07 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје вечерва се одржа 14. манифестација Бела ноќ која нуди голем број настани од културата: концерти, изложби, читање поезија, театарски претстави, филмски маратон, а свој придонес даде и уличната уметност, јавува Anadolu Agency (AA).
Покровител на манифестацијата „Бела ноќ“ е Град Скопје, а технички и програмски организатор е Младинскиот културен центар (МКЦ) - Скопје. За да се одржат сите предвидени активности, вклучени се сите културни институции во рамките на Градот Скопје.
Официјалното отворање на годинашната „Бела ноќ“ се одржа на „Јадран сквер“ во централното градско подрачје, со настап на Градскиот дувачки оркестар.
Според МКЦ, „Бела ноќ“ е најголемата градска културна манифестација, а годинава акцентот е ставен на домашните уметници и на домашните организатори на културни настани со цел да се збогати културната понуда на Скопје.
Програмата на „Бела ноќ“ првпат е збогатена и со меѓународен фестивал на светлосна уметност „Skopje light art district“, што ќе се одржува од вечерва до деветти октомври.
Бела ноќ во Скопје
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје вечерва се одржува 14. манифестација Бела ноќ која нуди голем број настани од културата: концерти, изложби, читање поезија, театарски претстави, филмски маратон. ( Admir Fazгенција Анадолија )
07.10.2018 Admir Fazlagikj
1 / 16
На граѓаните им се овозможи уникатно доживување исполнето со светлост и многу бои. Фестивалот е резултат на меѓународната соработка на Град Скопје со францускиот град Лион во рамки на проектот „Хоризонт 2020“.
Отворањето на „Skopje light art district“ се поклопува со отворањето на „Бела ноќ“ и се случи пред зградата „Дом Ибни Пајко“, на самиот влез на Старата скопска чаршија. Мотото на фестивалот е „Следи ја патеката“.
Во рамките на фестивалот ќе настапат вкупно 16 артисти со исто толку различни дела.
Поради богатата содржинска понуда за „Белата ноќ", во градот можеше да се почуствува поголема раздвиженост од вообичаеното, како и посета на манифестацијата не само од граѓаните од Скопје и градовите од земјата, туку и од странски посетители.