Dzihat Aliju
23 Ноември 2021•Ажурирај: 24 Ноември 2021
СКОПЈЕ (АА) - ЏИХАД АЛИУ -
Бахри Ѓурџан, поранешен главен балетан на Државната опера и балет на Анкара (ADOB), држи часови на балетани во Северна Македонија.
Ѓурџан, кој долги години работи како главен балетан во турскиот државен балет, во изјавата за Агенција Анадолија (АА) се осврна на неговата улога како член во жирито на балетскиот натпревар во Скопје, и на предавањата што ќе ги одржи во Националната опера и балет на Северна Македонија.
Истакнувајќи дека работи како инструктор откако во последните 5 години танцувал во многу места во странство, Ѓурџан рече дека во 2007 година основале училиште во Анкара и откриле многу талентирани деца.
Тој рече дека како балетан има меѓународна кариера, а сега почнал да гради и меѓународна кариера како инструктор:
„Доаѓам овде како претставник на турскиот балет. Навистина е убаво што уметник од Турција доаѓа во Националната опера и балет на Северна Македонија и држи предавања. Претходно држев предавања во Франција и во други земји“, нагласи Ѓурџан.

- Дел од жирито на балетски натпревар во Северна Македонија -
Потсетувајќи дека бил дел од жирито на балетскиот натпревар во Северна Македонија одржан на 20 ноември, Ѓурџан истакна дека меѓу 120 балетани од целиот свет се натпреварувале и двајца балетани од Турција.
Тој рече дека почнал со мастер клас часови на уметниците од Националната опера и балет на Северна Македонија, изразувајќи надеж дека предавањата ќе бидат многу продуктивни.
Посочи дека предавањата ќе бидат добра иницијатива за сериозна соработка на уметнички план меѓу Турција и Северна Македонија. „Затоа, уметниците од тука можат да дојдат во Турција, да танцуваат и да држат предавања во Турција. Мислам дека ова многу сериозно ќе ја зголеми уметничката соработка меѓу двете земји“, рече Ѓурџан.
- „Во Турција има голем интерес за балетската уметност“ -
Нагласувајќи дека турскиот балет се обидува да основа свој систем на работа и дека многу сериозно работи на тоа прашање, Ѓурџан рече: „Мислам дека ако дојде балетан од турско училиште и одржи часови во Северна Македонија ќе биде голем придонес и за самиот балетан.“

Нагласувајќи дека во Турција има 6 оперски куќи и 6 танцови друштва, Ѓурџан додаде:
„Има различни државни и разни приватни училишта. И во Турција има голем интерес за балетот. Танцот е уметничка форма што ја има во културата на сите општества. Балетот се наоѓа на врвот на таа уметност. Бидејќи е универзална уметност, мислам дека е многу важно оружје за да се изрази културата и музиката на нашата земја пред целиот свет. Со сериозните студии кај нас, балетската уметност достигна важна точка. Сега е време да се отвориме кон светот.“
- Турските балетани го зазедоа првото и второто место на натпреварот „Стејџ 2021“ -
На балетскиот натпревар што се одржа на 20 ноември, младите турски балетани го освоија првото и второто место.
Нагласувајќи дека успехот многу ги израдувал, Ѓурџан рече дека и двајцата балетани се студенти на Универзитетот „Хаџетепе“ и Светскиот танц-центар.
Нилај Тахироглу, која го освои првото место, истакнувајќи дека со балет се занимава веќе 9 години, рече: „Сè оди многу добро. Дојдовме овде да се натпреваруваме. Јас го освоив првото место. Среќна сум, натпреварот беше добар.“
Берил Ада Оздемир, која го освои второто место, рече дека за балетската уметност се интересира веќе 7 години.
„Многу е убаво што дојдов овде. За мене е чест да работам со учителот Бахри. Многу сум среќен што го освоив второто место на овој натпревар“, додаде балетанката Берил Ада Оздемир.