Furkan Abdula
04 Мај 2018•Ажурирај: 05 Мај 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во организација на Сојузот на писатели на Турција (ТЈБ), и во соработка со Институтот „Јунус Емре" во Скопје и Здружението за култура, уметност и образование „Ќопру" (Мост) вечерва во Скопје се одржа пригодна програма насловена „Литературна сесија - Скопје“ која се организра во рамките на „Културниот караван од Едирне до Мостар“, јавува Anadolu Agency (AA).
На оваа програма организирана со поддршка на турското Министерство за култура и туризам учествуваа амбасадорката на Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, претседателот на ТЈБ, проф. д-р Муса Казим Ариџан, почесен претседател на ТЈБ, Мехмет Доган, директорот на Институтот „Јунус Емре" во Скопје, д-р Шемсетин Шекер, претседателот на Здружението „Ќопру", Хусрев Емин, претставници на турските организации и институции во земјата, голем број професори, писатели, поети и љубители на литературата.
Претседателот на ТЈБ, Ариџан, во изјава за медиумите, истакна дека по повод 40. годишнина од основањето на ТЈБ организирале 40 активности во Турција, додека во овие рамки ги посетуваат 7 земји на Балканот со 40 писатели, поети, новинари и уметници.

„Тргнавме од Едирне, а потоа од Кирчали, Комотини, Солун, Битола и Охрид преминавме тука. Во соработка со здружението Ќопру ќе ја организираме литературната сесија“ рече Ариџан, додавајќи дека културата е заедничко богатсво на Балканот и Анадолија.
Почесниот претседател на ТЈБ, Доган нагласи дека во овие рамки се сретнуваат со писателите и уметниците во градовите кои ги посетуваат.
Осврнувајќи се на деталите на програмата која се одржа вечерва, Доган рече дека во рамки на оваа програма ќе одржат и еден панел за поетот Јахја Кемал, кој е роден во Скопје.
Нивната цел, рече Доган, да ги охрабрат луѓето во градовите кои ги посетуваат и додаде дека овие настани придонесуваат во таа насока да се направат уште поголеми активности
Лејла Шериф Емин од здружението „Ќопру" изрази задоволство поради тоа што Скопје е една од станиците на патувањето на овој караван, и додаде дека вечерва ќе рецитираат поезија и литературни обраќања.
Директорот на Институтот „Јунус Емре" во Скопје, Шекер, истакна дека околу седум векови се заедно со народите во Македонија, каде имаат заедничка култура и вредности. Тој нагласи дека во јазиците кои се зборуваат во Македонија постојат голем број зборови со турско потекло.
„Културниот караван од Едирне до Мостар“ тргна на 30 април од турскиот град Едирне и ќе заврши на 9 мај во Мостар. Во овие рамки се организираат различни активности од културен карактер во Бугарија, Грција, Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, како и Босна и Херцеговина.