Büşra Nur Çakmak
16 Јуни 2023•Ажурирај: 20 Јуни 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Фотографијата на фоторепортерот Сергеј Козлов од агенцијата ЕПА, насловена „Војната меѓу Украина и Русија“, ја освои наградата за Фотографија на годината на „Istanbul Photo Awards“, деветтото издание на годинашниот меѓународен натпревар за фотографија што го одржува Анадолу за поддршка на фоторепортерите.
Престижно жири се собра онлајн и ги избра наградените фотографии на „Istanbul Photo Awards 2023“
На натпреварувањето, на кое беа пријавени над 21.000 фотографии, наградени се 29 фотографи во десет категории.
Фотографијата на Козлов со наслов „Украинско-руска војна“ е прогласена за најдобра меѓу фотографиите пристигнати од сите делови на светот.

Победниците беа избрани меѓу фотографии што ги покриваат минатогодишните светски настани, од војната меѓу Украина и Русија до случувањата во Палестина, од притисоците на талибанската администрација до трговијата со деца во Нигерија, од промените на животната средина предизвикани од литиумот до истражувањата за дивиот свет во Тајланд, од Светското првенство во Катар до португалските борби со бикови, мразокршачите на Арктикот до секојдневниот живот на африканските албиноси.
Меѓународното жири изјави дека квалитетот на пратените фотографии е многу висок и дека имале големи тешкотии да ја донесат одлуката во елиминациите направени на платформата специјално подготвена од тимот на АА информатички технологии.
Во категоријата „Вест-приказна“, фотографот на Асошиетед прес (AП), Евгениј Малолетка, го освои првото место со неговата серија фотографии за опсадата на украинскиот град Мариупол.

Фоторепортерот на Гети Имиџис, Дејвид Рамос, го освои првото место во категоријата „Индивидуални спортови“ со својата фотографија со која ја документира радоста на Лионел Меси во финалето на Светското првенство.

Фотографот на агенцијата Франс прес (АФП), Џеф Пашуд, го освои првото место во категоријата „Спортски приказни“ со своите фотографии на женскиот Тур де Франс.

Браис Лоренцо ја освои првата награда во категоријата „Единечна фотографија за природата и животната средина“, со тоа што ги фати луѓето како загрижено ги набљудуваат пожарите во Шпанија.

Жирито ја награди фотографијата на Јонас Како, кое ги покажува непобитните ефекти од сушата, како победник во категоријата „Серија фотографии за природата и животната средина“.

Победник на „Поединечен портрет“ е Елхам Абаслу, кој го долови женското движење што започна во Иран по смртта на Махса Амини.

Фотографот на АП, Ебрахим Норузи, ја освои првата награда во категоријата „Серија портрети“ за неговите фотографии од спортистките во Авганистан под талибанска власт.

Во категоријата „Поединечна фотографија за секојдневниот живот“, фотографот на Газета Виборца. Јакуб Порзицки ја освои првата награда со својата фотографија на Ванда, која го прославуваше својот 111. роденден.

Фотографот на Политикен/Панос Пикчрс, Мадс Нисен, кој го документираше животот во затворите за дрога во Авганистан, ја освои првата награда во категоријата „Серија фотографии за секојдневниот живот“.

Оваа година 29 фотографи добија награди во 10 категории на натпреварот поддржан од Никон, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Туркиш ерлајнс (THY), турскиот национален авиопревозник.
До информациите поврзани со жирито и наградените фотографии може да се пристапи преку веб-страницата http://istanbulphotoawards.com.