Süleyman Elçin
19 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
АНТАЛИЈА
Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека неговата земја им помогнала на многу држави во борбата против епидемијата на новиот тип на коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вкупно 135 држави побараа од нас медицинска помош. Нешто во облик на грантови, а некои сакаа да ги купат. Делумно ги задоволивме потребите на 81 земја, а сега работиме на тоа да им помогнеме и на другите“, изјави Чавушоглу за телевизијата Канал В.
Тој истакна дека по епидемијата земјите со квалитетен и ефикасен здравствен систем направиле разлика, додавајќи дека сепак и оние најотпорните почувствувале одредени последици.
Тој додаде дека Турција во овие тешки времиња јасно ги почуствувала сите резултати и предности на претходните инвестиции во здравствениот систем.
„Исто така, досега од почетокот на епидемијата од 115 земји успеавме да евакуираме повеќе од 70.000 наши граѓани и да ги транспортираме во Турција“, изјави Чавушоглу.
Тој на крајот напомена дека светот по Ковид-19 сигурно ќе се преобликува и ќе изгледа многу поразлично.
„Светот по ова ќе биде поразличен. Ништо повеќе нема да биде како порано. Сите ќе гледаат да ги задоволат само своите потреби, но тоа нема да биде можно, па ќе следува процес на регионализација. Турција ќе биде една од клучните земји во процесот на глобализација, но и регионализмот“, изјави турскиот шеф на дипломатија.