Erbil Başay
11 Март 2020•Ажурирај: 13 Март 2020
БЕРЛИН (АА) - Фудбалерот на германскиот клуб Хановер 96, Тимо Хуберс, е заразен со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА),
Управата на клубот кој настапува во 2. Бундеслига соопшти дека 23-годишниот фудбалер Хуберс бил позитивен на тестот на коронавирусот.
Во соопштението се наведува дека фудбалерот бил сместен во домашна изолација и дека неговата состојба е стабилна.
Исто така се истакнува дека Хуберс најверојатно се заразил во саботата кога присуствувал на еден масовен собир во Хилдесхајм.
Од клубот велат дека фудбалерот не бил во контакт со соиграчите, но дека поради превентивни мерки сите играчи и персонал на клубот ќе бидат тестирани на вирусот.
Хуберс е првиот фудбалер меѓу над 1.600 лица кои во Германија се заразени со коронавирусот.
Коронавирусот Ковид-19 кон крајот на минатата година првпат се појави во кинескиот град Вухан, а досега во повеќе од 100 држави се заразени 118.100 и од последица на заразата починаа повеќе од 4.260 лица.