Ferdi Türkten
14 Април 2020•Ажурирај: 15 Април 2020
АНКАРА (АА) – Управата за верски работи на Турција (Дијанет) истакна дека со заповед од Алах секој здрав верник е задолжен со пост за време на Рамазан и дека не е можно целосно да се одложат постите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Врховниот совет за верски прашања на Управата за верски работи на Турција (Дијанет) се истакнува дека по појавата на Ковид-19 од многу верници пристигнале многу прашања поврзани со Рамазан.
„Со наредба на Алах задолжително е секој здрав верник да пости за време на Рамазан. Не е можно целосно да се одложат постите. Според информациите што ги добивме од експертите, постот на здравите лица не претставува посебен ризик за ширење на коронавирусот. Исто така нема медицински докази за тоа дека постот негативно влијае на имунолошкиот систем, напротив има научни публикации дека постот има позитивни ефекти врз имунолошкиот систем“, се нагласува во соопштението на Дијанет.
„Во овие тажни денови кога сме оддалечени од џамиите, теравија намазот [молитва во текот на месец Рамазан] ќе го спроведуваме дома“, се истакнува во соопштението на турскиот Дијанет.