Tufan Aktaş
09 Јули 2021•Ажурирај: 12 Јули 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) ќе испрати 220 милиони дози вакцина Ковид-19 во земјите членки на Африканската унија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата дадена од УНИЦЕФ, потпишан е договор со белгиската компанија „Janssen Pharmaceutica NV“ за доставување на 220 милиони дози вакцина „Џонсон и Џонсон“ во Африка до крајот на 2022 година.
Договорот, предвидува испорака на 35 милиони дози вакцини до крајот на оваа година. Доколку има побарувачка договорот овозможува снабдување со уште 180 милиони дози вакцини.
Претседателот на УНИЦЕФ Хенриета Фор, по постогнатиот договор изјави дека во светот пристапот до вакцините не е еднаков и фер и дека тие продолжуваат со поддршката за обезбедување пристап до вакцините на африканскиот континент.
Директорката на СЗО за Африка, д-р Матшидисо Моети, на својата редовна неделна прес-конференција истакна дека на континентот минатата недела е соборен нов рекорд на заразени во вториот бран, при што бројот на заразени е зголемен за 251.000 во споредба со претходната недела.
Бројот на регистрирани случаи во Африка надмина 5.800.000, а бројот на луѓе кои ги загубија своите животи надмина 149.000.
Досега се администрирани над 54 милиони дози вакцини.