Турција, Коронавирус

Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 133.400

Во Турција се извршени вкупно 2.267.412 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 168.340 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.648 лица

Selma Kasap  | 05.06.2020 - Обновена : 06.06.2020
Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 се искачи на 133.400

АНКАРА

Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 133.400, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 57.829 тестирања за Ковид-19, од кои 930 лица се позитивни на овој вирус.

Во последните 24 часа починаа уште 18 лица како последица на оваа пандемија, а излекувани се уште 1.622 пациенти.

Во Турција се извршени вкупно 2.267.412 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 168.340 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.648 лица.

На интензивна нега се наоѓаат 592 лица, 269 лица се на кислородна поддршка, додека вкупно се излекувани 133.400 лицa.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција

„Забележан е раст во бројот на излекувани пациенти. Растот ќе се забрзува. Наредните денови зависат од вниманието на хигиената на рацете, како и на почитувањето на правилата на носење маски и дистанца. Со подобри мерки до подобри резултати“, напиша Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın