Aybüke İnal
22 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
АНКАРА
Бројот на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 116.111, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 37.507 тестирања за Ковид-19, од кои 952 лица сe позитивни на овој вирус.
Во последните 24 часа починаа уште 27 лица како последица на оваа пандемија, додека се излекувани се уште 1.121 пациент.
Во Турција се извршени вкупно 1.767.495 тестирања на Ковид-19, откриени се вкупно 154.500 случаи на лица заразени со Ковид-19, а починаа вкупно 4.276 лица.
На интензивна нега се наоѓаат 800 лица, додека вкупно се излекувани 116.111 лицa.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот профил на социјалната мрежа Твитер ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција
„Покрај зголемениот број на извршени тестирања, бројот на нови случаи е под 1.000. Нашиот нов начин на живеење е: контролиран социјален живот, и заедно преземање на мерки. Услов за тоа е: маска и социјална дистанца од 1,5 метри“, напиша Коџа.