Islam Doğru
17 Јули 2020•Ажурирај: 18 Јули 2020
ЊУЈОРК
Пандемијата на новиот тип на коронавирус во САД последните 24 часа е причина за смртта на 950 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 141.150, јавува Агенција Анадолија (АА).
САД продолжува да е епицентар на пандемијата на светско ниво со најголем број на заразени и смртни случаи.
Според податоците што интернет страницата „Worldometer“ секојдневно ги објавува во врска со пандемијата на светско ниво, последните 24 часа во САД е поставена нова рекордна бројка на заразени од 78.695 лица позитивни на коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на детектирани случаи на коронавирусот на 3.698.358.
Вкупната бројка на смртни случаи во САД изнесува 141.150, од кои 950 се регистрирани во последните 24 часа.
Според бројката на детектирани случаи на Ковид-19, по САД следат Бразил со 2.014.738 лица позитивни на коронавирусот, Индија со 1.011.787 и Русија со 759.203.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк се наоѓа на врвот на листата на сојузни држави на САД која е најмногу погодена од коронавирусот.
Во Њујорк откриени се 431.380 случаи со Ковид-19, додека како последица на овој вирус починаа 32.518 лица.
Според бројката на детектирани случаи на Ковид-19, по Њујорк следа Калифорнија со детектирани 365 илјади случаи на заразеност со коронавирусот и Флорида со 316 илјади.
Во САД досега се направени над 45.718.000 тестирања за Ковид-19. Бројката на излекувани лица од овој вирус надмина 1.680.000.