Коронавирус

Се тврди дека Ковид-19 во Њујорк е донесен од Европа, а не од Азија

- Истражувањата покажуваат дека вирусот се раширил незабележано многу пред наведеното, тврдејќи дека можел да биде откриен многу порано ако била спроведена построга програма за тестирање

Mücahit Oktay  | 09.04.2020 - Обновена : 09.04.2020
Се тврди дека Ковид-19 во Њујорк е донесен од Европа, а не од Азија

ЊУЈОРК

Во американскиот весник „Њујорк тајмс“ објавена е вест во која се тврди дека според најновите истражувања, новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Њујорк е пренесен од Европа, а не од Азија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во веста објавена на интернет-страницата на „Њујорк тајмс“ се вели дека според различни истражувачки групи, кои го истражуваат геномот на коронавирусот земен од њујорчани, неколку недели пред првото детектирање на коронавирусот, кон средината на февруари, коронавирусот постоел во подрачјето на Њујорк, но бил донесен од страна на туристи кои дошле од Европа, а не од Азија.

Според оваа вест, научникот по генетика, Харм ван Бакел, кој истражувањата ги спроведува со неговата екипа во лабораторијата на Факултетот за медицински науки „Mounth Sinai Icahn“, во врска со пандемијата на Ковид-19 вели дека според добиените резултати „јасно е дека претежно се работи за Европејци“.

Во весникот објавени се резултати и од друго истражување спроведено на Медицинскиот факултет „Гросман“ во Њујорк, при што се истакнува дека иако се работело на различна група случаи, постигнати се неверојатно слични резултати.

Покрај тоа, истражувањата покажуваат дека вирусот се раширил незабележано многу пред наведеното, тврдејќи дека вирусот можел да биде откриен многу порано ако била спроведена построга програма за тестирање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.