Shpetim Hiseni
27 Август 2026•Ажурирано: 27 Август 2026
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до 7:30 часот утринава во Северна Македонија, од кои четири се активни, три се под контрола, а 24 се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пренесува Анадолу.
Активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково и на подрачјето на општините Гостивар и Македонски Брод.
Активни се пожарите и во Општина Чашка и Општина Струга.
Под контрола се пожарите кај Тајмиште во Општина Кичево, на депонијата во Делчево и во селото Стрмница во Општина Брвеница.
Во различни региони на земјата пожарникарите изгаснаа 24 пожари.