Ali Semerci
08 Април 2020•Ажурирај: 09 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Коалициските сили предводени од Саудиска Арабија прогласија двонеделен прекин на огнот во Јемен кој ќе започне од утре, поради појавата на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на официјалната новинска агенција на Саудиска Арабија, СПА, портпаролот на коалицијата Турчи ал-Малики изјави дека прогласиле двонеделен прекин на огнот во Јемен заради појавата на коронавирусит и дека прекинот на огнот може да биде продолжен.
Малики изјави дека јеменската Влада ќе го прифати повикот за прекин на огнот направен од специјалниот претставник на Обединетите нации во Јемен, Мартин Грифитс, за спречување на ширењето на коронавирусот.
Во Јемен, каде што долго време владее политичка нестабилност, Хусите поддржани од Иран ја контролираат Сана и одредени региони од септември 2014 година.
Коалицијата предводена од Саудиска Арабија ја поддржува јеменската Влада против Хусите од март 2015 година.