Islam Doğru
09 Април 2020•Ажурирај: 10 Април 2020
ЊУЈОРК (АА) - Во Соединетите Американски Држави (САД) во последните 24 часа починаа 1.890 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати во оваа земја се зголеми на 14.808 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во САД, кои се наоѓаат на врвот на листата на земјите каде што се откриени најмногу случаи на Ковид-19 во светот, секој ден се зголемува бројот на случаи и починати.
Според последните податоци споделени од страна на Универзитетот „Џонс Хопкинс", во последните 24 часа со Ковид-19 биле заразени уште 32.509 лица, со што вкупниот број на случаи со Ковид-19 во земјата се искачи на 432.438 лица.
Се вели дека во последните 24 часа починале уште 1.890 лица од оваа пандемија, со што вкупната бројка на починати во земјата се зголеми на 14.808 лица.
Што се однесува до најголемата бројка на случаи, по САД следуваат Шпанија со 152.446 случаи, и Италија со 139.422 случаи.
Од друга страна, американската сојузна држава Њујорк со 151.079 случаи и 6.269 починати се наоѓа на врвот на листата на сојузните држави на САД кои се најмногу погодени од овој вирус. По Њујорк следуваат Њу Џерси (47.437 случаи, и 1.504 починати) и Мичиген (20.346 случаи, и 959 починати).